Реал Мадрид во текот на денот ќе испрати понуда до Челси за Еден Азар, пишува „Мирор“. Понудата, според весникот ќе биде за речиси 100 милиони евра повисока од претходната и таа ќе изнесува 224 милиони евра.
„Кралскиот клуб“, во овој преоден рок остана без Кристијано Роналдо, а навивачите очекуваат на неговото место да пристигне некое звучно име. Не е тајна дека Реал го посакува Азар во своите редови, поради што сега е подготвен да го урне светскиот рекорд и сумата што лани ПСЖ ја плати за Нејмар (222 милиони евра).
„Мирор“, објави дека Реал на Челси ќе му понуди 224 милиони евра и доколку „сините“ ја прифатат истата тогаш Азар ќе стане најскапиот играч на сите времиња.