Екипата на Скопје не успеа да го сочува прволигашкиот статус. Во баражот за опстанок Вардар со 3:0 го порази Скопје и се врати во Првата лига.
По поразот од Вардар, Скопје го напушти тренерот Мирсад Јонуз, кој си поднесе оставка на функцијата.
Инаку, Јонуз, на 11 кола до крајот на сезоната го презеде клубот, но не успеа да избори опстанок во лигата.