Џесика Лопеш, Мис „Бум бум“ на Велика Британија, вети дека ќе се соблече гола, но само доколку нејзиниот омилен клуб, Челси ја освои титулата од Лигата на шампионите, давајќи мотив повеќе на тимот на Френк Лампард.
Поранешниот модел на „Плејбој“ не ја крие љубовта кон „сините“, откако во 2016 година имаше посебна фото-сесија за ѕвездата на Челси, Вилијан.
„Ако Челси стигнат до титулата од Лигата на шампионите, ќе позирам гола со нивниот дрес, ништо нема да ме сопре“, изјавила Бразилката за „Дејли стар“.