Top Sport

Митроглу „бегал“ од топката? Три допири за 45 минути!

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Коста Митроглу е нов „рекордер“, откако на гостувањето на неговиот клуб кај Анжер и 1:1 ремито за 45 минути игра успеа само трипати да ја допре топката.

30-годишниот грчки напаѓач беше на теренот од стартот на мечот, пред на полувремето, Лукас Окампос да го заземе неговото место. Уште позачудувачки, едно од трите допирања на топката беше стартниот удар!

Од сајтот „Опта“ тврдат дека откако ја водат статистиката во сезоната 2006/07, ниту еден друг фудбалер не бил толку слаб како Гркот.

Scroll to Top