Top Sport

Митровиќ си ги уништил шансите за трансфер во Манчестер јунајтед со црвениот картон?

Српскиот напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ наводно си ги уништил шансите за потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед по бизарниот црвен картон во ФА куп дуелот со „ѓаволите“, тврди британскиот „Дејли стар“.

28-годишниот Митровиќ, кој има 12 гола за Фулам оваа сезона, постигна гол во тој четврт-финален дуел од ФА купот на „Олд Трафорд“, пред во 72. минута да добие црвен картон откако го турна судијата Крис Кавана по ВАР-проверката за пеналот по играњето со рака на Вилијан.

Според „Дејли стар“, Митровиќ бил е еден од фаворитите кај менаџерот Ерик Тен Хаг во потрага за сигурна „деветка“ во летниот преоден рок, но сега расположението на клубот е сменето.

Scroll to Top