Кристал палас рутински со 2:0 ги совлада Шефилд јунајтед, за да ја продолжи неверојатно слабата сезона за „блејдс“ на 17 меча без победа на стартот на една сезона од Премиер лигата.
Мечот беше одлучен веќе во првото полувреме – Џефри Шлуп уште во 4. минута успеа да ја искористи мешаницата пред голот на гостите за да поведе, пред Еберечи Езе, кој го замени повредниот Шлуп во шестата минута од судиското продолжение да постигне прекрасен гол за 2:0.
Палас скокна на 12. место на табелата со 22 поени, додека Шефилд има само 2 поени во 17 меча, и е на дното на лигата со неверојатни 20 меча без победа ако се сметаат последните три кола од минатата сезона.