Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос би можел во летниот преоден рок да ги напушти редовите на Кралскиот клуб, па Управата веќе бараат адекватна замена.
„Кралевите“ сакаат на „Бернабеу“ да го доведат дефанзивецот на Лајпциг, Дајо Упамекана, пишува „El Mundo Deportivo“.
Фудбалерот кој дојде во бундеслигашот од редовите на сестринскиот Салцбург има 21 година, а светските медиуми пишуваат дека освен Реал, за неговите услуги се заинтересирани и Баерн, Арсенал и Челси.
Се споменува и дека Лајпциг не би го пуштил младиот фудбалер за помалку од 70 милиони евра.