Top Sport

Млад италијански фудбалер загина по пад од мопед

Анвар Мегбли, 18-годишен фудбалер на италијанскиот четвртолигаш, Ливорно, загина откако паднал од мопед по судир со автомобил, објавуваат италијанските медиуми. Инцидентот се случил во сабота навечер, кога Мегбли се враќал од посета на еден пријател во Ливорно. Тој веднаш бил однесен со хеликоптер во Пиза, но таму починал во понеделникот.

„Не, не можеш да загинеш на 18. Денеска, по трагична несреќа помеѓу Сан Винченцо и Доноратико во саботата навечер, нашиот напаѓач Анвар Мегбли го загуби животот. Целиот клуб искажува длабоко сочувство до неговото семејство и саканите во овој момент на голема тага. Секогаш ќе останеш со нас“, велат од клубот.

Scroll to Top