Top Sport

Млад руски фудбалер почина за време на натпревар

Трагична вест пристигна од Русија. Среде натпревар починал 18-годишниот фудбалер, Никита Сидоров.

Фудбалерот на Знамија Труда, пет минути по влегувањето во игра, се срушил на теренот. Брзата помош и лекарите повеќе од еден час се бореле за неговиот живот, но не успеале да го реанимираат.

Според првичните информации, причина за смртта би можела да биде церебрална анеуризма. Обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за оваа трагедија.

Scroll to Top