Фудбалскиот клуб Астон Вила потврди дека ќе го одиграа натпреварот од третото коло, во ФА купот, против Ливерпул.
На овој натпревар за Астон Вила ќе настапат фудбалери од младинскиот тим, бидејќи голем број од сениорите се заразени со коронавирусот. Екипата против Ливерпул нема да ја предводи менаџерот, Дин Смит, туку на клупата ќе седи Марк Дилејни.
Потсетуваме, дека, Астон Вила во четвртокот, го затвори тренинг-центарот, бидејќи значително се зголемил бројот на заразени играчи.
По преговорите со надлежните тела, бил постигнат договор дуелот да се одигра вечерва од 20.45 часот.