Специјален известувач за „Топспорт“ од Москва, Кристијан Ландов
Со свечена церемонија во Москва завршија фудбалските натпревари меѓу деца од 211 земји, организирани преку проектот „Фудбал за пријателство“ спонзориран од „Гаспром“. Организаторите приредија и свечена церемонија, на која учество имаше и Македонија. На стадионот „Сапсан“ во Москва, младиот фудбалер Максим Цониќ го вееше државното знаме. Вториот член на делегацијата, младата новинарка Ева Јакимовска учествуваше во израбока на дневниот весник „Фудбал за пријателство“, за кои пишуваше вести од случувањата за време на проектот.
Активностите продолжуваат и наредните денови, кога македонската делегација ќе учествува на форумот кој ќе се одржи во „Москвариум“. Утре ќе се одржи и свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, чија организација, Русија ја чинеше над 15 милијарди долари. „Макфакс“ заедно со македонската делегација ќе присуствува на натпреварот Русија – Саудиска Арабија, а над милион фанови веќе се пристигнати во Москва.