Железничар и Сараево ги поделија поените со 2:2 реми на „Грбавица“ во 116. издание на дербито на Сараево во петотто коло на Премиер лигата на БиХ.
Во меч со отворен фудбал и многу погодоци, на крајот немаше победник. Сараево први дојдоа во водство откако Татар успеа да ја искористи неподвижноста на голманот на Железничар, Ќосевски во 15. минута.
Само три минути подоцна Зајмовиќ израмнува на 1:1, но Сараево повторно доаѓа во водство во 40. минута преку Рахмановиќ. До поенот, Железничар стигна во 73. минута, кога Зајмовиќ повторно го совлада Ковачевиќ за радост на домашната публика.