Поранешниот спортски директор на Јувентус, Лучано Моџи е убеден дека српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, во летниот преоден рок ќе се пресели во редовите на актуелниот италијански шампион.
Моџи е сигурен дека Србинот и покрај интересот на Реал, Манчестер јунајтед и ПСЖ ќе го одбере Јувентус и дека во летниот преоден рок заедно со Жоао Кансело ќе стане играч на „старата дама“.
„Преговорите со Лацио се во тек, тој ќе премиен во Јувентус. Кога станува збор за Кансело, ситуацијата е јасна, Јувентус е заинтересиран за него, а тој сака да го облече „црно белиот “дрес, што значи дека работата наскоро ќе биде готова“, рекол Моџи за италијанските медиуми.
Милинковиќ-Савиќ во овој преоден рок сигурно ќе го напушти Лацио, но клубот нема намера да го пушти за сума помала од 100 милиони евра.