Top Sport

Моџи: Масимо Морати може само да учи од кинеските газди на Интер

Поранешниот директор на Јувентус, Лучано Моџи ја продолжи „војната“ со експретседателот на Интер, Масимо Морати, порачувајќи му дека треба да го следи растот на Интер по продажбата на кинеската „Сунинг групација“.

Морати беше сопственик на Интер 18 години, од 1995 до 2013 година, освојувајќи со нив пет скудета, трофеј од Лигата на шампионите и од Купот на УЕФА и четири титули од Копа Италија. Но, Моџи не еи мпресиониран од успехот.

„Морати треба да учи како се прави победничка реалност. Ќе биде многу интересно да се прави споредба со менаџментот во минатото и менаџментот од сегашноста за да го сфатите новото раѓање на Интер. Да се потсетиме, Интер од времето на Морати отпушташе тренери како Марчело Липи, кој потоа беше светски шампион, и Џанпјеро Гасперини, кој долго време покажува дека е еден од најдобрите тренери воИталија. Тој смени неверојатни 25 тренери од 1994 до 2006. Но, беше умен кога требаше да направи лажен пасош за да го користи Алваро Рекоба како ЕУ-играч“, вели Моџи.

Scroll to Top