Top Sport

Модриќ: Реал Мадрид се династија во Лигата на шампиони

Лука Модриќ вели дека фантастичните резултати на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, односно петте титули освоени во последните девет години може да значи предност за нив пред вториот меч од полуфиналето на гости кај Манчестер сити.

По 1:1 ремито на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ќе се обиде уште еднаш да го сопре тимот на Пеп Гвардиола во полуфиналето како минатата сезона. Сити уште ја бркаат својата прва европска титула, додека Реал Мадрид се најуспешни во континенталното натпреварување со 14 трофеи.

„Сме играле вакви мечеви, полуфиналиња и финалиња многу пати во минатото. Тоа што го гледам во моите соиграчи и во тренерот Карло Анчелоти е самоувереност и целосна доверба во нашиот карктер и квалитети. Се сеќавам кога зборувавме со Зинедин Зидан за градење династија во Лигата на шампиони и мислам дека успеавме во тоа. Тоа ти дава дополнителна мотивација, да играш тука со Реал Мадрид кога знаеш дека си блиску до титулата. Тоа те мотивира, ти дава сила, да направиш нешто историско. Сите знаете колку ја сакаме Лигата на шампиони и колку удобно се чувствуваме во вакви ситуции“ вели хрватскиот ветеран.

Scroll to Top