Top Sport

Модриќ: Бејл е страшен играч, мора да знае што сака

Во Реал не знаат што ќе прават со Герет Бејл. Велшанецот нема намера да го напушти клубот, исклучок би направил само доколку Реал би му ги исплатиле последните две години од договорот. Станува збор за сума од 34 милиони евра. Среќа за Реал е што целата ситуација во која клубот се наоѓа поради Бејл, не ја нарушува атмосферата во соблекувалната.

За Бејл во интервјуто за „Тајмс“ проговорил и Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец речиси 12 години е соиграч во Велшанецот. Заедно беа во Тотенхем, а потоа се преселија во Реал.

„Ова е многу тешка ситуација и за него и за клубот. Тој мора да знае што сака. Возрасен човек е, мора да реши што е најдобро за него. Дали е овде среќен или сака да проба нешто ново. За мене тој и понатаму е брилијантен фудбалер кој има уште многу работи да покаже. Од него зависи дали е гладен за нови успеси, дали сака да продолжи понатаму. Што и да се случи дали ќе замине или ќе остане, мислам дека и понатаму може да биде главен играч“, рекол Модриќ.

Scroll to Top