Светското првенство во Русија заврши во неделата, а покрај медалите што ги добија финалистите, златни за Французите, сребрени за Хрватите, поделени беа и индивидуалните награди.
Наградата за најдобра играч на шампионатот, заслужено му припадна на капитенот на Хрватска, Лука Модриќ.

Најдобар голман на турнирот е Тибо Куртоа, кој со Белгија го освои третото место, најдобар стрелец, со шест постигнати гола е Англичанецот Хари Кејн, додека најдобар млад играч е францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.
Светското првенство заврши со победа на Франција над Хрватска 4:2. Франција во Русија ја освои втората светска круна во својата историја.