Трансфер сагата околу Лука Модриќ се уште трае, иако фудбалерот побарал од Реал да му дозволи да се пресели во Интер. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, забранил да се поставуваат прашања поврзани со статусот на хрватскиот репрезентативец, а тренерот Хулен Лопетеги е уверен дека Модриќ ќе остане во Реа.
Хрватот се наоѓа на списокот на играчи што Реал го испрати до УЕФА, а на кои смета за натпреварот во Суперкупот на УЕФА, против Атлетико на 15.август.
Интер на 32-годишниот фудбалер му нуди четири годишен договор вреден 40 милиони евра, но не е позната сумата што му е понудена на Реал за трансферот.
Иако сите во Реал се убедени дека Модриќ ќе остане, профилите на „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи нудат нешто друго. На ниту една од нив го нема Модриќ, што само ги подгреа шпекулациите дека наскоро уште еден играч на реал ќе се пресели во Италија.
Претходно Кристијано Роналдо за 105 милиони евра заврши во Јувентус.