Top Sport

Модриќ, Крос и Марсело ќе бидат во авионот за Париз

Тројцата фудбалери на мадридски Реал за кои постоеше сомнеж дека нема да бидат подготвени за осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите против ПСЖ, официјално се на списокот на фудбалери кои ќе бидат во авионот за Париз.

Тони Крос, Лука Модиќ и Марсело беа на листата на повредени играчи. Модиќ ги пропушти последните четири, а Крос последните пет натпревари на Реал, додека Марсело кој се повреди на првиот натпревар против ПСЖ, одигра едно полувреме во саботата против Хетафе.

Очекувањата се дека Марсело сигурно ќе биде во стартниот состав, а истото се очекува и за останатите двајца кои се од исклучителна важност за играта на Реал. Модриќ и Крос се тие кои го диктираат ритамот на играта на „кралскиот клуб“.

Scroll to Top