Хрватскиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ вели дека се надева дека Златан Ибрахимовиќ ќе продолжи да игра фудбал, бидејќи тој може наскоро да му се приклучи во МЛС лигата.
Ибра потпиша за Лос Анџелес галакси откако Манчестер јунајтед го ослободи од договорот и веќе постигна три гола во три натпревари, од кои два одлучувачки. Модриќ вели дека се надева дека „магијата ќе продолжи“.
„Тој е толку важен играч во Европа во последните 10-20 години. Еден од најдобрите напаѓачи на светот. Би сакал да продолжи да игра, бидејќи ја сакам неговата магија, иако е тешко да се следат натпреварите поради временската разлика“, вели Модриќ.
Хрватот признава дека во иднина може да се најде во американскиот фудбал, но би сакал да заврши кариера со голем клуб.
„Никогаш не знаеш што може да се случи. Имам уште две години од договорот со Реал Мадрид и сречен сум. Секогаш велев дека сакам да ја завршам кариерата во Мадрид, но ако тоа не е можно, зошто да не во Америка“, додава Хрватот.
Фото: ЕПА