Top Sport

Модриќ признава: Ни фали Кристијано

Лука Модриќ го опиша својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо како човек кој „секогаш е подготвен да помогне на тие на кои им е најпотребно“, признавајќи дека на клубот му недостасуваат неговите голови.

Роналдо и Модриќ беа соиграчи шест сезони на „Бернабеу“, освојувајќи четири титули од Лигата на шампионите и една од Ла лига заедно, пред 35-годишниот Роналдо да замине во Јувентус во 2018. Сепак, тој има само пофални зборови за својот поранешен соиграч.

„Да се зборува за способноста на Роналдо е веќе бесцелно, тој е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Ни недостасуваа неговите голови и неговиот карактер во Реал, бидејќи тој секогаш сакаше да победува и не мотивираше. Како личност, тој е чиста 10-ка, има големо срце и подготвен е да помогне на тие на кои им е најпотребно“, вели Модриќ во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top