Top Sport

Модриќ се налути на сопствената федерација: За Хрватска со иста страст секаде

Лука Модриќ речиси никогаш не ги коментира случувањата во хрватскиот фудбал, но сега носителот на „Златната топка“ на Твитер се јави по контроверзите околу изборот на стадионот за мечот Хрватска-Словачка, каде што ќе се одлучува патникот на Евро 2020.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го закажа мечот на „Руевица“ во Риека, но хрватските медиуми тврдеа дека фудбалерите барале преместување на мечот на „Максимир“ во Загреб. Модриќ преку реакција на Твитер ги демантираше тие тврдења.

„Со Словачка во Риека, со иста страст како и во било кој друг град во Хрватска. Фудбалерите не одлучуваат каде ќе се игра. Затоа, нема криење зад тимот кога некој има лоши проценки“, напиша Модриќ.

Scroll to Top