Top Sport

Модриќ со емотивна објава: Со вистинскиот тим, се е можно!

Фудбалската репрезентација на Хрватска ЕУРО 2020 го заврши во осминафинале, драматичен пораз по продолженија од Шпанија.

Навивачите во Хрватска по настапот најмногу се прашуваат – дали Лука Модриќ (35) ќе продолжи со настапите во коцкастиот дрес.

По неговата последна објава на социјалните мрежи постои оптимизам дека засега ќе ја пролонгира репрезентативната „пензија“:

„Без оглед кој е крајниот резултат, важно е да се има вистинската екипа со која секогаш ќе се бориш до крај, со која ќе дадеш се од себе па поради вас целата земја да е горда. Со вистинската екипа, се е можно и разбираш дека заедно е подобро. Над сите – Хрватска“.

Scroll to Top