Top Sport

Мохамади со најбизарниот обид за изведување аут! И тоа во 94. минута! (видео)

Иранците имаа само уште 30 секунди за да се обидат да извлечат реми против Шпанија, и Милад Мохамади реши да се обиде да го направи тоа со стил.

Крилото на рускиот клуб Ахмад Грозни, наместо едноставно да ја уфрли топката во игра, сакаше да покаже дека е добар акробат и да направи салто пред да го изведе аутот. Зошто, само тој знае! На крајот, тој не успеа и мораше „обично“ да ја уфрли топката во игра.

Инаку, тоа се прави вака, Милад!

Scroll to Top