Ливерпул пред еден месец ја освои титулата на Светското клупско првенство. Во полу-финалето „црвените“ го победија Монтереј, а во финалето со голот на Фирмино славе над Фламенго.
Полу-финаниот дуел со мексиканскиот тим Монтереј беше исклучително интересен поради она што се случуваше на теренот, но и поради вербалниот дуел помеѓу тренерите Рикардо Антонио Мохамед Матијевиќ и Јирген Клоп.
Аргентинецот по еден прекршок што го направи Џо Гомез бараше црвен картон за играчот на Ливерпул. Неговата гестикулација не му се допадна на Клоп кој го имитираше својот колега мавтајќи со рацете.
Тренерот на Монтереј во едно интервју открил што му кажал на својот колега.
„Покажа непочитување. Клоп цело време бараше жолти картони за моите играчи, тврдеше дека константно го фаулираме Салах. Тогаш јас побарав црвен картон за еден од неговите играчи, а потоа тој го покажа јазикот и ми рече дека сум п…а. Најпрвин се насмеав, а пота загубив контрола. Не сум сигурен што му кажав, мислам дека му реков: Кур..н син, кого ти мислиш дека е..ш?“ Зборовите сами излегоа од мене“, рекол Мохамед.