Top Sport

Мојс: Деклан Рајс сигурно вреди повеќе од Енцо Фернандез

Потенцијалниот трансфер на ѕвездата на Вест хем, Деклан Рајс ќе го „оддува“ британскиот рекорд од 106 милиони фунти кои Челси ги платија за Енцо Фернандез, смета менаџерот на „чеканите“, Дејвид Мојс.

Рајс повторно е поврзуван со голем трансфер во летниот преоден рок, со Манчестер јунајтед и Арсенал како најзаинтересирани клубови, но Мојс е сигурен дека ако дојде до трансфер, ќе биде за рекорна сума.

„Без сомнеж Деклан ќе биде врвен фудбалер. Тој ќе постави рекорд за британски услови ако си замине од Вест хем. Има многу шпекулации околу тоа, и ако ги видите сумите кои се плаќаат во моментов, сигурен сум дека Деклан ќе ги оддуваа сите рекорди“, вели Мојс.

Scroll to Top