Top Sport

Мојс го правда Ланзини: Трчаше 70 метри и затоа падна од умор (видео)

Дејвид Мојс реши да го правда својот играч Мануел Ланзини за очигледното симулирање за пенал  во 19. минута од мечот против Стоук во саботата, по кој Вест Хем стигна до 3:0 победа.

Ланзини падна под минимален контакт со дефанзивецот на Стоук, Ерик Пиетерс, во мајсторско „глумење“. Иако и двајцата играчи знаеја дека се работи за симулирање, менаџерот Дејвид Мојс мислеше поинаку

„Дефанзивецот му даде причина на судијата за одлуката. Ланзини истрча 70-тина метри и мислам дека беше уморен на крајот, а не дека симулираше. Тој трчаше колку што го држеа нозете, како можеше да издржи да остане на нозе“, вели шкотскиот тренер.

Scroll to Top