Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, тврди дека од неговото заминување не се случиле некои значајни промени на „Олд Трафорд“. Мојс доби отказ на функцијата во 2014 година. Тој го наследи легендарниот сер Алекс Фергусон, но не успеа да го дочека крајот на првата сезона во Јунајтед.
„Мислам дека од моментот кога јас ги презедов до денес не постои никаква разлика. Кога јас дојдов беше неопходна промена и кај самите фудбалери, а за нешто такво е потребно време. Мислам дека во овие четири години клубот воопшто не напредувал. И понатаму е потребна промена. Годините по моето заминување не се најдобро искористени“, рекол Мојс за „Талк Спорт“.
По заминувањето од „Олд Трафорд“, шкотскиот стручњак ги тренирал Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем.