Top Sport

Мојс и Вест Хем ќе почекаат за победа (видео)

Дејвид Мојс и во вториот натпревар како менаџер на Вест Хем не успеа да донесе победа за „чеканите“, откако тие мораа да се враќаат за 1:1 реми со Лестер во петочниот натпревар од Премиер лигата.

Марк Олбрајтон уште во осмата минута ги замолчи домашните фанови на „Лондон стадионот“, по што Шеику Кујате со гол со глава по корнер во финишот на првото полувреме израмни за Вест Хем.

Со победа, Вест Хем ќе излезеа од зоната за испаѓање, но остануваат 18. со само 10 поени. Од другата страна, Французинот Клод Пуел во четвртиот меч на клупата на Лестер има 1-2-1 скор за Лестер да се на 11. место со 14 поени.

Scroll to Top