Top Sport

Момчето што собира топки му ја фрли копачката, тој го нападна (видео)

Мохамед Јекен, фудбалерот на тунискиот клуб Бизертин, доби црвен картон за напад на момчето кое собира топки, откако тоа се надеваше дека ќе му даде предност на својот тим со фрлање на копачката на фудбалерот во публика.

Инцидентот се случи во дуелот меѓу Хамам-Лиф и Бизертин и тоа на 10 минути пред крајот при 1:1 резултат. Јекен реагираше бурно на однесувањето на момчето, и го турна на земја, и веднаш доби црвен картон.

Без него, неговиот тим прими гол само три минути подоцна и загуби со 2:1.

Scroll to Top