Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд го открива точниот момент кога сфатил дека поранешниот капитен на „Ѓаволите“, Рој Кин е луд.
Фердинанд и Кин имаа фантастични кариери со Јунајтед, освојувајќи титули од Премиер лигата и од Лигата на шампионите, но Фердинанд вели дека агресивниот Кин секогаш бил нешто посебно.
„Ја добив топката и му додадов на Гери Невил, кој нормално беше во мојот тим. Во обичен натпревар тоа беше добро додавање, но Кин почна да ми вика: ‘Додади напред, прави ризици, не си веќе во Лидс или во Вест Хем, ова е Манчестер јунајтед’. Си стоев таму и си мислев: ‘Ова е луд човек, што прави’. Кога дојдов дома тој ден цело време мислев колку е луд тој човек и како ќе работам со него секојдневно. Но, сфатив дека треба да ризикувам и така ја завршив кариерата. Не додавав едноставно до Гери, туку до напаѓачите напред“, објаснува Фердинанд.