Top Sport

Монако плати 25 милиони евра за 16-годишен фудбалер

Монако продолжува со праксата да вложува во млади фудбалери. Во саботата во малото кнежевство пристигна најталентираниот италијански фудбалер, 16-годишниот Пјетро Пелегри, кој потпиша петгодишен договор.

Пелегри е исклучителен талент но она што го привлече вниманието на јавноста е цената која Монако ја плати за него, а таа изнесува 25 милиони евра.

Пелегри сезонава има постигнато три гола за Џенова во Серија, а Монако успеа да дојде до него пред Јувентус кој нудеше пет милиони евра помалку.

„Не сум заинтересиран за парите, само сакам да играм и да уживам во фудбалот. Пред една година некој да ми кажеше дека од младиот тим на Џенова ќе се преселем во Монако ќе му кажев дека тоа е само сон. Сепак тој сон се оствари“, рекол Пелегри.

Во Серија А Пелегри дебитираше на возраст од 15 години и 280 дена и го израмни рекордот на Амадео Амадеи.

Scroll to Top