Рони Лопес го почна „блицот“ од три гола во само 14 минути од второто полувреме, за Монако да стигна до 3:1 победа на Нант во нивниот прв меч од новата сезона во Лига 1.
Под новиот тренер Мигуел Кардосо, Нант сакаа победнички старт на новата сезона, но минатогодишните вице-шампиони не беа расположени да го дозволат тоа.
Рони Лопес во 69. минута донесе водство за „кнезовите“, по што Јоветиќ и Фалкао во 80. и 83. минута донесоа високо водство од 0:3, пред Сала да намали во 90. минута.