Претседателот на фудбалскиот клуб Монца, Никола Коломбо, потврдил дека 95 отсто од акциите на клубот ќе му бидат продадени на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.
Инаку, семејството Коломбо во 80.години од минатиот век во сопственост го имаше фудбалскиот клуб Милан, а потоа му го продаде токму на Берлускони, под чие владение клубот ја имаше својата „златна ера“.
„Се договоривме дека ќе продадеме 95 отсто од акциите, додека пет отсто ќе останат во моја сопственост“, рекол првиот човек на Монца.
„Зошто решивме да продадеме 95 отсто, а не 70 како што претходно најавивме? Секако ќе задржав дел од акциите. Во ваква ситуација не ми е важно дали ќе имам пет или 30 отсто. Сега се прашува Берлускони. Сакам активно да учествувам во работата на клубот и во наредната сезона, бидејќи имаме одличен тим. Потоа новиот сопственик може да го преземе“, рекол Коломбо.
Силвио Берлускони, во 2015 година, му го продаде Милан на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли.
Монца се натпреварува во третата италијанска лига, Серија Ц.