Новиот италијански прволигаш Монца го објави пристигнувањето на Пабло Мари од Арсенал на позајмица, а италијанските медиуми тврдат дека утре ќе биде потврдено и пристигнувањето на Андреа Петања.
Тимот во сопственост на поранешниот италијански премиер и ексгазда на Милан, Силвио Берлускони, првпат во историјата влезе во Серија А по победата во баражот во јуни, и оттогаш купија дванаесет фудбалери.
Последно засилување е Пабло Мари, кој пристигнува на позајмица со опција за купување за 5 милиони евра, која ќе стане обврска доколку Монца успее да обезбеди опстанок во Серија А. Сличен договор ќе биде склучен и со напаѓачот на Напои, Петања, но за 10 милиони евра.
BIENVENIDO @PabloMV5 ???⚪️?#ACMonza #Monza #WelcomePabloMarí pic.twitter.com/kIjst9l0pQ
— AC Monza (@ACMonza) August 11, 2022