Спортскиот директор на Рома, Мончи, бил резигниран по натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Рома, во реваншот, го победи Ливерпул со 4:2, но не успеа да го надомести минусот од првиот меч (2:5).
Мончи смета дека неговиот тим бил тешко оштеттен и дека во финалето на 26.мај ќе играат Рома и минхенски Баерн, доколку во Лигата на шампионите се користела ВАР технологијата.
„Се се менува. Примивме гол во првиот меч од офсајд, а вечерва два пати не добивме пенал. Еден од нив беше и за чист црвен картон“, рекол Мончи.
„Време е да го кренеме својот глас, не само Рома, бидејќи и Јувнетус слично мина против Реал. Италијанскиот фудбал мора да го крене својот глас, бидејќи она што го видовме вечерва е шокантно“.
Спортскиот директор на Рома му го честитал на Ливерпул пласманот во финалето, но напоменал дека мора да се процени како стигнал до него.
„Си играме со срцата на навивачите. На „Енфилд“ третиот гол го постигнаа од офсајд, а овде имавме две ситуации за пенал. Јас сум Шпанец, дојдов тука пред една година, но мислам дека е време италијанскиот фудбал да го крене својот глас. Ова повеќе не е нормално. Не разбирам зошто во најважното натпреварување во светото не се користи ВАР технологијата. Не разбирам, грешки ќе има и тогаш, но тие ќе бидат во помал број. Мораме ВАР да имаме и во Лигата на шампионите. Навивачите можат да се шегуваат дека со ВАР системот во финалето ќе играа Рома и Баерн, но тоа е вистина“, рекол Мончи.
Monchi: “Not just #ASRoma , as #Juventus suffered the same against #RealMadrid . Italian football has to raise its voice, because what we saw tonight was shocking. Final with VAR would be Roma v #FCBayern “https://t.co/heGuTNb1s9 #ROMLIV pic.twitter.com/36qEUBXQF8
— footballitalia (@footballitalia) May 2, 2018