Фудбалскиот клуб Монпелје објави дека 12 членови на клубот се заразиле со коронавирусот. Осум од заразените се фудбалери, а четворица се членови на стручниот штаб.
Коронавирусот се повеќе се шири низ Франција. Властите повторно во ведоа полициски час во најголемите градови.
Спортските клубови секојдневно пријавуваат по некој заразен, а во моментов алармантна е ситуацијата во кошаркарскиот клуб Асвел и фудбалскиот клуб Монпелје.
Монпелје во недела треба да му гостува на Монако во третото коло во Лига 1, меѓутоа прашање е дали натпреварот ќе се одигра.
Клубот не ги соопшти имињата на заразените фудбалери.