Винченцо Монтела може да добие уште една шанса да ги покаже своите тренерски таленти, откако според „Тутоспорт“, Иран му понуди да го замени Карлос Кеирош на селекторската клупа.
Монтела се мачеше да направи впечаток откако си замина од Сампдорија летото 2016 година, откако разочара во Милан и беше отпуштен во ноември 2017, за Севилја да му даде нова шанса во Ла лига. И таму резултати не беа најдобри и минатиот април тој доби отказ, по што е без работа.
Според италијанските медиуми, Монтела уште размислува дали да ја прифати понудата од Иранската фудбалска федерација, која му нуди тригодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година, и плата од одлични 1.5 милиони евра годишно.
Фото: ЕПА