Top Sport

Моралес ги „крена“ Леванте против Бетис

Леванте стигна до одлична 4:3 победа над Реал Бетис во последното шпанско коло во 2020 година, откако Хозе Луис Моралес постигна два гола (од кои едниот беше спектакуларен) и додаде една асистенција за клубот од Валенсија да собере три меча без пораз и да се одвои од зоната за испаѓање.

Оскар Дуарте ги донесе домаќините во водство уште во втората минута, но Аиса Менди израмни само 10 минути подоцна, по што на сцена стапи капитенот Моралес – во 22. и 24. минута постигна два гола да ја врати предноста на Леванте, пред во второто полувреме во 55. минута да му асистира на Рожер за 4:1 водство.

Меѓутоа, Робер во 68. минута доби црвен картон, и гостите го искористија ова и постигнаа два гола – Серхио Каналес во 78. минута (од пенал) и во 86. минута го намали водството на Леванте, но гостите немаа сила за целосен пресврт.

Бетис се на 10. место на табелата со 19 поени, додека Леванте сега имаат поен помалку на 12. место на табелата.

ЛА ЛИГА, 16.КОЛО

Леванте – Реал Бетис 4:3

Кадиз – Валјадолид 0:0

Scroll to Top