По проблематичната сезона со Челси, Алваро Мората има на што да се радува – неговата сопруга Алис Кампело се породи со близнаци во неделата.
Во долгата порака на неговиот Инстаграм профил, Мората изјави дека неговата сопруга се „борела како лавица“ при тешката бременост која за него изгледала како да трае „три години“, пред да се породи со двајцата синови.
Мората постигна седум гола во првите осум настапи за Челси откако дојде од Реал Мадрид за 58 милиони фунти, но потоа до крајот на сезоната постигна само уште девет голови со многу шпекулации за неговата желба за враќање во Јувентус. Неговата сопруга, исто така, се породи во болницата „Дел’Анџело“ во Венеција, а синовите добија италијански имиња – Алесандро и Леонардо.