Top Sport

Мората го подучи Трипиер: Не гази на грбот на Атлетико (видео)

Киеран Трипиер полека се навикнува на животот во шпанската Ла лига, откако го направи трансферот од Тотенхем во Атлетико Мадрид, но очигледно мора да учи уште малку за тоа како треба да се однесува на „Ванда метрополитано“.

Алваро Мората мораше да го повлече Англичанецот и да спречи тој да го прегази грбот на „рохибланкос“ по неговото деби за клубот по трансферот вреден 20 милиони фунти.

Инаку, Трипиер одлично се прилагоди на играта и дури му асистираше на Мората за гол во 23. минута од мечот за 1:0 победа над Хетафе.

Scroll to Top