Шпанскиот фудбалски репрезентативец Алваро Мората има очајна сезона во екипата на Јувентус. Тој е на позајмица кај „Старата дама“ до јуни 2022 година. Поради тоа Шпанецот е под дополнителен притисок.
„Под голем притисок сме. Можеби луѓето повеќе зборуваат за мене затоа што се наоѓам на позајмица од Атлетико, но кога судбината не е во твоите раце, единствено ти преостанува да ја работиш својата работа“ рече Мората.
„Бјанконерите“ се на осмата позиција на табелата во Серија А, поради што фановите се посебно бесни, а шпанскиот ас смета дека тие се често неразумни во своите барања.
„Знам што се бара од мене. Критиките не ме лутат, иако ме вознемируваат, но омразата не е во ред. Бев надвор од теренот скоро еден месец и бев одлучен да се вратам иако не бев доволно подготвен. Многу работев со тимот, минатиот меч го играв на крило, но најбитно е да се игра и да се исполнуваат барањата на тренерот“ рече Алваро Мората.