„Сè уште жалам што заминав од Јувентус“, открил 25-годишниот шпански репрезентативец Алваро Мората.
Мората во периодот од 2014 до 2016 година играше во Јувентус, но по две сезони во Торино се врати во Реал Мадрид.
„Зошто се вратив во Реал? Па, таков беше договорот помеѓу Реал и Јувентус, тоа мораше да се почитува“, рекол Мората.
Јувентус за Мората издвои 20 милиони евра во 2014 година, но во договорот постоеше клаузула според која Реал може да го врати за 30 милиони евра. Добрите две сезони во Јувентус го натераа Реал да ја активира клаузулата и да го врати Мората во Мадрид.
„За мене тоа беше огромно разочарување. Конечно се пронајдов на едно место, а потоа ми се случи враќање во Мадрид, каде кон мене се однесуваа како и претходно, како кон дете“, дополнил Мората.