Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората открива дека се кае за одлуката да замине од академијата на „јорганџиите“ во 2007 година.
Мората беше навивач на „рохибланкос“ од детството, но во 2007 година замина од јуниорските тимови на Атле во Хетафе, за една година подоцна да заврши во градскиот ривал Реал Мадрид. Таму тој освои две титули од Ла лига и две од Лигата на шампиони, а во меѓувреме освои и две титули од Серија А со Јувентус и имаше просечен период со Челси, пред во јануари 2019 да се врати во клубот од детството.
„Кога бев дете, ги носев топките на тренинзите на Атлетико. Поминав ни период во кој не ми беше убаво, знаете, патот од дете до професионален фудбалер. Почнувате со агенти, спонзори, чувствувате притисок што не стартувате. Потоа поминав една година во Хетафе и таму беше прекрасно, па отидов во Реал, но јас и мојот татко секогаш сонувавме дека играме на ’Висенте Калдерон’. Играв таму со други клубови, а не со Атлетико, но желбата остануваше“, вели Мората.