Top Sport

Мората: Убаво ми е во Челси, ама Мадрид е Мадрид

Алваро Мората минатото лето пристигна во Челси за 75 милиони евра како големо засилување за напаѓачката линија.

Иако добро ја отвори сезоната тој на досегашните 31 натпревар за Челси има постигнато само 12 гола. Минатиот месец тој ја обнови повредата на грбот поради што ќе го пропушти и натпреварот против ВБА в понеделник.

За време на рехабилитиацијата Мората некои време бил во Мадрид. Гостувајќи на едно од мадридските радија тој одговорил на прашањето: Дали доколку утре добие повик од Реал би се вратил во Мадрид или би размислил?

Го почитувам Челси и се она што го направија за мене.Среќен сум во Лондон, но Мадрид е Мадрид“, одговорил шпанскиот репрезентативец.

Алваро Мората има договор со Челси до јуни 2022 година.

Scroll to Top