Поранешниот прв човек на милански Интер, Масимо Морати со интересен коментар кој се однесува за елитните клубови во Серија А.
Морати кој на чело на „сино-црниот“ клуб од Милано помина 18 години, период за кој потроши 1,5 милијарди евра за доведување на засилувања смета дека лутиот градски ривал – Милан е многу силен сезонава. Морати за „Radio Uno“ изјави дека борбата за Скудетото сезонава ќе биде интересна, за разлика од минатите сезони.
„Милан покажа високо ниво на игра, и во неделата против Парма имаа период на добра игра без оглед на тоа што не заврши се така како што посакуваа. И тоа без Ибрахимовиќ кој е незаменлив“ смета Морати.
За него, сепак Јувентус и понатаму е голем фаворит.
„Јуве има застрашувачки тим, навистина имаат добри играчи. Што може Интер да има посилно од Јувентус? Мораат да имаат голема желба и големо срце. Кога е Конте смирен, тогаш е многу јак. Мора да ја има таа желба, во спротивно никогаш ништо нема да освојат“ заклучи Морати.