Дејан Ловрен изминатите недели поради лошата форма е најкритикуваниот фудбалер на Ливерпул. Навивачите го посочуваат хрватскиот дефанзивец како најслаба алка во одбраната на „црвените“.
Ловрен е најчеста цел на социјалните мрежи, а деновиве еден од нив упатил заканувачка и морбидна порака.
„Ќе ти го убијам семејството, кретену хрватски“, пишува во пораката чиј скриншот Ловрен објави на својот профил на „Инстаграм“, со коментар: „Страшно е какви луѓе постојат“.
Ловрен подоцна ги коментирал критиките кои се упатени на негова адреса и заканата што ја добил.
„Не ми пречи кога ме критикуваат и омаловажуваат. Тоа повеќе зборува за нив отколку за мене. Но, не можам да ги игнорирам заканите кон моето семејство. Тоа нема и не можам да го прифатам. Одвратно“, објави Хрватот.
Оваа морбидна порака Ловрен ја објави и британскиот сервис Би-би-си.