Повеќе од бизарна ситуација е забележана на завчерашниот натпревар помеѓу локалните шкотски ривали Данфермлајн и Фалкирк.
Гостинските навивачи на теренот фрлале вештачки очи со цел да го провоцираат играчот на Данфермлајн, Дин Шилс.
На осумгодишна возраст овој фудбалер го повредил окото, а во 2006 година морало да го оперираат и тогаш му го отстраниле.
A section of the #Falkirk support badly let their club down today with vile behaviour at #Dunfermline. Booing Dean Shiels, singing about his missing eye and throwing these onto the pitch. Shocking.#COYB #COYP #DAFC #SPFL pic.twitter.com/beEZJ3Srn5
— Capital City Press (@CCP_sport) January 2, 2018
Шилс во октомври минатата година беше актер на инцидентот што се случи во финишот на дуелот помеѓу овие два тима.
Играчот доби црвен картон откако реагирал на провокациите на неколку играчи на Фалкирк, кои го спомнале неговиот хендикеп.
Играчите што тогаш беа инволвирани во инцидентот од Фудбалскиот сојуз на Шкотска, добија по осум натпревари суспензија.
По мечот, Фалкирк објави соопштение и упати извинување поради однесувањето на навивачите.
— Falkirk FC (@falkirkbairns) January 2, 2018
Шкотската национална лига поведе истрага по повод случајот.