Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му се извини на дефанзивецот Алберто Морено откако тој го пропушти раѓањето на своето второ дете за да игра во 3:0 победата на Ливерпул над Саутемптон во саботата.
Мохамед Салах постигна два гола за апсолутна контрола на мечот на „Енфилд“, по што Филип Кутињо додаде уште еден гол. Морено, кој оваа сезона е многу подобар по проблематичнат 2016/17, доби официјално извинување од Клоп.
„Во 2.30 часот ова утро, неговата прекрасна девојка се породи и се роди Алберто Морено Јуниор во Ливерпул. Тој беше во тимскиот хотел кога се случи тоа, и се извинувам на неговата девојка“, изјави Клоп.
? Alberto Moreno on Instagram. Congratulations @lfc18alberto! ?? pic.twitter.com/15sufFJ2b2
— Anfield HQ (@AnfieldHQ) November 18, 2017