Шпанскиот селектор Роберт Морено вели дека очекува капитенот на Реал Мадрид и на „Ла роха“, Серхио Рамос да игра до својата 40-та година.
33-годишниот Рамос веќе е легенда на шпанскиот фудбал, дебитирајќи во Ла лига како 17-годишник, по што направи фантастична кариера во Реал Мадрид од 2005, освојувајќи четири национални титули и четири титули од Лигата на шампионите. Покрај тоа, тој со Шпанија ја освои европската титула во 2008 и 2012 и Светското првенство во 2010.
Додека Жерард Пике, неговиот долгогодишен партнер/ривал во репрезентацијата се пензионираше од националниот дрес, Рамос може да продолжи долго, смета Морено.
„Сè што тој остварил е неверојатно. Тој ни даде сè, во соблекувалната, на тренинзите, на теренот. Секогаш сака да биде подобар и однесувањето е за пример. Ќе го сруши рекордот на Икер Касилјас по настапи за Шпанија бидејќи сака да игра до својата 40-та година. Неверојатен фудбалер“, вели Морено.